Брн и Муртезани разговараа за можностите што овој документ ќе ги отвори за засилено ирско дипломатско присуство во регионот, интензивирање на политичките билатерални контакти, поддршка за нашата реформската агенда, како и соработка во домените на културата, образованието и економијата.
Тие исто така се осврнаа на регионалната стабилност и политиката на проширување на ЕУ, кои претставуваат централни елементи на ирските приоритети за време на претстојното претседавање со Советот на ЕУ и ќе бидат рефлектирани и во Стратегијата за Западен Балкан, се вели во соопштението од Министерството за европски прашања. Kurir
Тој ја поздрави посветеноста на Ирска во нејзината активна улога во унапредувањето на евроинтегративниот процес во пресрет на претседавањето, особено преку подготовката на првата Ирска Стратегија за Западен Балкан.
Во светло на тековните подготовки на овој документ, како национална стратегија на Ирска, а кој треба да ја постави рамката за посистемска и продлабочена соработка со земјите од нашиот регион, министерот Брн оцени дека навремената посета на министерот Муртезани претставува вреден придонес за подготовката на Стратегијата, како и во насока на унапредување на политичкиот дијалог и соработката во делот на евроинтеграциите. Opserver
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од денес престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки планирани се средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas). Дискусиите на состаноците ќе опфатат теми за европската перспектива на Македонија и регионот, поддршката од Ирска во процесот на пристапување во Унијата, во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, продлабочување на билатералната и институционалната соработка, како и за прашања поврзани со безбедносна политика на ЕУ во контекст на новите геополитички предизвици и политиката на проширување како нивен одговор. Alfa
Во услови на зголемени геополитички превирања, зачленувањето во Европската Унија не е само политички избор, туку стратешка неопходност за зајакнување на европската безбедносна архитектура, оцениле на денешната средба во Даблин, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и државниот министер за европски прашања и одбрана на Ирска, Томас Брн.
Како што се невадува во соопштението од Министерството за европски прашања, Муртезани и Брн констатирале дека блокирањето на процесот на интеграција ја поткопува стабилноста на континентот, додека одржлива и предвидлива интеграција на земјите-кандидатки е во заеднички интерес. Press24
За време на средбата, Брн и Муртезани потенцираа дека проширувањето мора да остане меѓу клучните приоритети на Унијата и дека стабилна и обединета Европа е најдобриот одговор на предизвиците со кои се соочува и регионот на ЗБ и Унијата.
Министерот Муртезани исто така нагласи дека Владата на Северна Македонија е заинтересирана за иницијативи кои ќе помогнат во приближување кон Единствениот европски пазар, во спроведување на ЕУ-реформите и во подобро искористување на ИПА фондовите. Opserver