СДСМ: Мицкоски го откри авторитарниот карактер со најавата за данок за оние кои не се во брак 360степени | 6 јули, 2025 16:55.
Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
„Се извинувам ако некој погрешно ме сфатил, нема никакви даноци“, рече Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за најавеното воведување даноци за самци, што во изминативе денови ја разбранува јавноста во земјава.
Реакција на Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.