Состојба со пожарите на 05.07.2025 до 13.00 часот На територијата на државата се евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои: Активни се 4 пожари: Општина Прилеп, с. Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки Општина Чашка – шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел) Опш.
Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот, од кои половината се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и пожар во ниска вегетација во општина Велес.