Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.
Фото: ЦУК, ДЗС Во гаснење на пожарот што избувна попладнево на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично – информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.
Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума.
Хеликоптер од Министерството за внатрешни работи веќе интервенира во гаснењето на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, на потегот пред тунелот, на десната страна од коловозот.