Израел, пак, како резултат на своите семејни политики може да се пофали со висока вкупна стапка на прираст која изнесува 2,9 деца по жена.
Како државите низ светот се справуваат со „белата чума“Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот го потпиша Законот за даноци и издвојување, кој покрај одредени намалувања на федералната помош за граѓаните, зголемување на трошоците за безбедноста и значителни даночни олеснувања, предвидува и зголемување на додатоците за деца. Faktor
Зголемувањето на овој надомест доаѓа во време кога вкупната стапка на прираст во САД изнесува во просек под 1,6 деца по жена, па се очекува овој потег да резултира со нејзино зголемување за три до 10 проценти и да им помогне на семејствата да ги остварат сопствените цели за бројот на деца.
Според истражувањето на американскиот Институт за семејни студии, оваа мерка би придонела за зголемување на природниот прираст и на населението во САД, а исто така би ги стимулирало и граѓаните да стапуваат во брак, да имаат повеќе деца и со тоа да се создаваат „посилни семејства“. Novamakedonija
Тие мерки опфаќаат системи за надоместоци за секое дете, повисоки прагови за даночно ослободување и хипотекарни субвенции за повеќедетни семејства и политики за прилагодување поради демографската стагнација.
Франција применува модел на даночно олеснување за семејствата со деца, кои, меѓу другото, опфаќаат разни даночни бенефиции, како што е одбивање од данокот на доход на одредени трошоци поврзани со децата, пониски даноци за наследство за поголеми семејства, како и „детски додатоци“ насочени кон намалување на товарот за одгледувањето деца и надомест за секое новородено дете. Republika
Германија, пак, за поттикнување на природниот прираст, чија стапка е на ниво од 1,38 деца по жена, применува детски додаток, кој изнесува од 250 до 300 евра месечно по дете.
Како и во Франција и германскиот даночен систем предвидува модел со кој се овозможуваат помали ефективните даночни стапки за брачните двојки со деца, како и одредени даночни олеснувања за повеќедетните семејства. Republika
Покрај ова, државата ја субвенционира грижата за деца и нивната здравствена заштита, што се заедно придонесува израелската вкупна стапка на прираст да изнесува 2,9 деца по жена.
Иран нема официјална политика за справување со падот на наталитетот, но во план се некои даночни олеснувања за семејствата со најмалку две деца. Republika
Јапонија нуди надоместоци за издржувано дете, одредени директни даночни олеснувања и субвенции за школување на деца.
На локално ниво во некои реони има и делумни даночни олеснувања за семејствата со најмалку три деца. Republika