Прво, анкетите покажуваат дека тој води убедливо, дури и петпати повеќе од било кое од решенијата што се споменуваат од СДСМ, второ одлуката за него е резултат на тоа што тој како градоначалник на Кисела Вода со својата максимална посветеност работливост и постојано присуство на терен покажа и докажа дека и умее и сака да работи за граѓаните и од она коешто јас сакам да го кажам за Орце, од овој период што го познавам, а го познавам многу долго време, знам дека е исклучително мотивиран најпрво да победи, а потоа и да победува секој ден за Градот Скопје и за скопјани, рече Мицкоски. Press24