Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми, како приоритетите на Данско претседавање со Советот на ЕУ, трговските преговори меѓу Унијата и САД и гласањето недоверба на Европската комисија, е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за земјава.
Дебатата за извештајот на Вајц врз основа на извештаите на Европската комисија за 2023 и 2024 година за земјава е закажана за утре во доцните попладневни часови, а гласањето на европратениците по документот е предвидено за в среда. Republika
Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми, како приоритетите на Данско претседавање со Советот на ЕУ, трговските преговори меѓу Унијата и САД и гласањето недоверба на Европската комисија, е и Извештајот на европратеникот Томас Вајц за земјава. Racin
Покрај за извештајот за земјава, европратениците утре попладне ќе расправаат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина и Грузија, по кои исто така ќе се гласа в среда.
Овонеделното заседание на ЕП ќе започне попладнево со церемонија за одбележување на 30-годишнината од геноцидот во Сребреница, по што ќе следи дебата за предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување на недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. Republika
По гласањето, седницата ќе продолжи со тематска дебата за изработка на закон на ЕУ против дискриминацијата и за одбрана на основните права, по што ќе следуваат расправи и за трговските преговори меѓу ЕУ и САД, за подготвеност на Унијата за справување со пожари и суши во претстојната летна, за заштита на верските малцинства во Сирија, како и дебата насловена „51 година по турската инвазија на Република Кипар“.
На последниот ден од овонеделното заседание в четврток европратениците ќе расправаат за Заедничка земјоделска политика на ЕУ по 2027 година, за граѓанската иницијатива „Политика на кохезија за еднаквост на регионите и одржливост на регионалните култури“ и за јазот во здравјето меѓу половите. Racin