Еуросупер БС-95 ќе чини 74 денари, еуросупер БС-98 ќе биде 76 денари, дизел-горивото еуродизел БС (Д-Е V) 70 денари, екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 69,50 денари и мазутот М-1 НС 39,409 денари Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 1,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,174 денари/ килограм, а еуродизел (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари/литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на одлуката од 30 јуни.