Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, информираат во Сеизмолошката опсерваторија. Meta
Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, информираат во Сеизмолошката опсерваторија.
Пред околу две недели, беше почувствуван земјотресот во Охрид, Струга и блиската околина, со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала. Meta