Владата ќе прави анализа за базичната инфлација по што ќе излезе со мерки за заштита од зголемените цени на производите.
„Се извинувам ако некој погрешно ме сфатил, нема никакви даноци“, рече Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за најавеното воведување даноци за самци, што во изминативе денови ја разбранува јавноста во земјава.
Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски, наласувајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата и изразувајќи исклучителна загриженост за демографската рецесија во Македонија последните години.
„Наместо да создава услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди каква било јасна перспектива за државата.