Еврокомесарката порачала дека со овој Извештај, официјален Брисел дава јасна порака за поддршка на европскиот пат на земјата, но исто така ги опишува условите што се неопходни за таа да се движи напред.
Таа потсети дека земјава до Европската комисија веќе доставила ажурирани патокази за владеењето на правото и за реформа на јавната администрација, дека продолжува да работи на акцискиот план за заштита на малцинствата, како и дека зазела проактивен пристап во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, со што беше првата држава од регионот на која и беше исплатено претфинансирање во рамките на Реформската агенда. Lokalno
Пристапувањето кон ЕУ е клучен двигател за спроведување на најважните реформи, па затоа е важно Македонија да продолжи да напредува во пристапниот процес, пред се, со спроведување на уставните измени, изјави вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Puls24
Според неа, извештајот за Северна Македонија претставува избалансирана проценка на состојбата во земјата, со јасни препораки за приоритетите: владеење на правото, основните човекови права, независно судство, борба против корупцијата и ефикасна администрација.
„Извештајот за Северна Македонија дава сеопфатна и избалансирана проценка на ситуацијата во земјата, вклучително и во клучните области, како што е владеењето на правото. Skopje1
Ние продолжуваме да ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, истакна Кос.
Кос нагласи дека со овој Извештај ЕУ дава јасна порака за поддршка на европскиот пат на земјата, но ги наведува и условите кои се потребни за таа да се придвижи напред.– За време на моите разговори со лидерите на Северна Македонија во Скопје, минатата недела, ја истакнав нашата посветеност како ЕУ да ја поттикнеме земјата да продолжи напред во процесот на пристапување. Puls24
Во своето завршно обраќање на дебатата за Македонија, еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека ЕУ ќе продолжи да работи со земјава и да ја поддржува во нејзиниот пристапен процес, со отворање на преговорите по Кластерот „Основни вредности“, кога таа ќе ги „преземе потребните чекори за да ја заврши првата фаза од пристапувањето“. Republika
Северна Македонија треба да ги засили реформите, особено во областа на прашањата за основните права и треба дополнително да го зајакне владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и да ја реформира јавната администрација, рече Кос.
Таа воедно упати и благодарност до Европскиот парламент за, како што рече, неговиот постојан ангажман во зајакнувањето на демократските процеси во земјава и неговата клучна улога во охрабрувањето на сите политички сили конструктивно да работат заедно на унапредување на нејзиниот пристапен пат. Racin