Се огласи градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, по сериозниот пожар кој денеска беснееше во градот и околната шума.
Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните.
Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
ИлустрацијаГолем пожар избувна во близина на населеното место Лозаново, Општина Крива Паланка, а градот се соочува со една од најголемите огнени стихии во последните неколку години, информира градоначалникот Сашко Митовски во видеообраќање преку својот фејсбук-профил.