Седницата за опозициски прашања во Собранието попладнево е повторно прекината со еден час пауза, овојпат на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, кој побара во законодавниот дом да дојде претседателот Африм Гаши и да се свика ад хок координација за состојбата со пожарите.
Владата не не само што не покажа слух и не го прифати амандманот на СДСМ , истовремено не понуди ниту образложение зошто нема потреба да се прифаќа амандман за помош на семејствата на настраданите во Кочани, потенцираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција откако на амандманската расправа за ребаланс на Буџетот, пратенците од власта не гласаа за амандманот на СДСМ и коалицијата.