Автомобил „сеат леон“ целосно изгорел по сообраќајка со две товарни возила што се случила вчера на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Војник, а за која информиравме вчера.
На 09.07.2025 околу 14.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.П.(49) од Радовиш, товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(30) од Куманово и патничко возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(46) од с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.