Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази Баба, поточно во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во 23:40 часот полициски службеници при преглед на три малолетни лица, странски државјани, во ранец пронашле две шишиња со по 1,5 литри бензин, две петарди, запалка и течен лепак, по што истите се лишени од слобода.
Во текот на синоќешните активности на полицијата поврзани со зголемената опасност од пожари во скопскиот регион, тројца малолетници биле затекнати со опасни материјали на подрачјето на Гази Баба.