Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро реагираше на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, кој во интервју за бугарската телевизија БТВ го нарече „северномакедонски премиер“.
„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.
Министерството за надворешни работи на Бугарија реагираше на, како што ги оцени, „навредливите, неприфатливи и непријателски“ изјави од страна на македонските политичари, откако бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков беше повикан во Министерството за надворешни работи.