Добивај вести на Viber Бугарскиот премиер Росен Жељазков го прозва македонскиот колега Христијан Мицкоски и рече дека треба да најде начин да се извини, откако вчера со бугарскиот министер за надворешни Георг Георгиев си разменија остри зборови.
„Успеавме да спречиме Европскиот парламент да се користи за домашна политичка пропаганда на Мицкоски.
Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“.
МНР ГО ПОВИКАЛА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ДА МУ ВРАЧИ ПРОТЕСТ Очекува официјално извинување од Софија Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид.