Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против две лица, државјани на Република Албанија, за кои се обезбедени докази дека ловеле риба со мрежа во води во кои е забранет риболов, во Охридското Езеро на околу 6,5 километри од месноста Свети Стефан, соопштија во Јавното обвинителство.
Двајца албански државјани се обвинети за незаконит риболов во Охридското Езеро.