Кривичниот суд денеска ќе одлучува по жалбата на Јавното обвинителство да му се определи куќен притвор за напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска, со барање да се преиначи во затворски.
Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи и да доделеше обезбедување пред 2 месеци ништо од ова немаше да се случи, упати утрово порака градоначалничката Данела Арсовска кон министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
По инцидентот што се случи во петок, 11 јули, а врз основа на безбедносната проценка од страна на Агенцијата за национална безбедност, Министерството за внатрешни работи воведе 24-часовни мерки за заштита на градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска.МВР објасни дека и покрај нејзините јавни комуникации за закани на социјалните медиуми, институциите постапувале согласно законот за секој случај пријавен или оперативно откриен.