Фото: Макфакс Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 12:15 часот низ државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои четири остануваат активни и претставуваат најголем предизвик за противпожарните служби.
Најкритичните точки се во општина Дојран, каде што во селото Николич гори нискостеблеста шума, во Старо Нагоричане, селото Пелинце каде што е зафатена ниска вегетација, во Македонски Брод, селото Девич каде што пламените јазици зафатија деградирана шума, сува трева и лисна престилка, како и во општина Гази Баба, во близина на гробиштата на Камник, каде што гори ниска вегетација. Kajgana
Активни пожари се бележат во четири општини.
Пожарот во селото Николич, во општина Дојран, сè уште не е изгаснат и зафаќа нискостеблеста шума. Tocka