Граѓаните да бидат сигурни дека администрацијата ќе работи во служба на јавниот интерес, а не под нечиј диктат.
Отчетноста на администрацијата е клучен предуслов за враќање на довербата на граѓаните, додека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети во пристапното партнерство и важен предуслов во процесот на европската интеграција на државава, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во обраќањето на сесијата на Националната конвенција за ЕУ на Работната група 6 – Антикорупција на тема „Административни капацитети за унапредување на вредноста на потрошени јавни средства: Што можеме да научиме од искуствата на ЕУ? “. Тој потенцира дека граѓаните можат да бидат сигурни дека јавната администрација ќе биде поодговорна, поискусна, и навистина ќе работи во служба на јавниот интерес, а не под ничиј личен или партиски диктат.