Хиерархијата е прецизно поставена, без простор за произволни толкувања, а дополнително за првпат се предвидува и носење на Листа на сродни области и работи, со што се гарантира прегледност и правична мобилност во системот“, посочува Тошковски и додава: „Она што е особено важно е фактот дека за првпат за да се унапреди некое лице во категоријата „раководни работници“, мора задолжително да има завршена обука и положен тест за раководење, услов пропишан во член 104 од Предлог-законот.