Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Томас Вајц, во разговор за ТВ „24“ изјави дека е отворена истрага поради заканите по животот кои ги добил по предлагањето на извештајот за земјава во ЕП. Вајц минатата недела рече дека добивал закани дури и откако беше изгласан извештајот, кој ги налути екстремните националистички кругови во Бугарија и нивните политички артикулации во Стразбур. Libertas