Единствените семафори на фреквентната раскрсница во Велес се надвор од функција веќе повеќе од еден месец, што предизвикува реакции кај граѓаните.
Пешаците и возачите секојдневно реагираат поради зголемениот ризик и нарушената безбедност во сообраќајот, објави „ “. Градоначалникот на Велес, Марко Колев, информираше дека постојните семафори се поставени пред околу дваесет години и дека работат со застарена технологија, за која повеќе не постојат резервни делови.