Доктори од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија почнаа да прават консултативни прегледи во одделот за онкологија во Клиничката болница во Битола на барање на таа јавна здравствена установи, а идната недела такви прегледи ќе прават и во Клиничката болница во Тетово. Sitel
Пациентите благовремено ќе бидат информирани кои колеги ќе одат и која патологија ќе ја покриваат и тие наместо да доаѓаат во Скопје ќе можат со нив да се консултираат во местото на живеење, рече д-р Стојковски.
Посочи дека во прво време тоа ќе биде во форма на консултативни прегледи, а потоа зависно од инфраструктурата и можностите на клиничките болници во Битола и Тетово, ќе почне да се аплицира и некоја специфична онколошка терапија. Kanal5