Во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор.
Од нив 4 се активни, исто толку се под контрола и 27 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во селото Нивичино во општина Василево каде што гори нискостеблеста шума, кај селото Грешница, општина Македонски брод каде што готи мешана шума и ниска вегетација како и пожарите во општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани и во липковското село Виштица.