Агенцијата за национална безбедност (АНБ) соопшти дека денеска при претреси на две локации во Скопје одземени се огнено оружје и мобилни уреди.
Во врска со претходно обезбедените податоци на Агенцијата за национална безбедност, во координација со Министерството за внатрешни работи, на ден 19.07.2025 година, по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, беше извршен претрес на дом и други простории на две локации во Скопје, по основ на член 396 од Кривичниот законик – недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи.