Во три одвоени случаи на подрачјата на СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Охрид од слобода се лишени три лица, а врз основа на чл. 297 –а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Денеска (20.07.) во три одвоени случаи на подрачјата на СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Охрид од слобода се лишени три лица а врз основа на чл. 297 –а од КЗ на РСМ („безобѕирно управување со моторно возило“). Така во 00.07 часот во близина на селото Младо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(41) село Јачинце, кумановско, заради тоа што при контрола во патниот сообраќај, откако полициски службеници го сопреле патничкото возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Т. кај истиот било констатирано присуство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта.