Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година.
Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.
Со овие дејствија тие прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари.
Исто така, двајцата се обвинети за измама во службата бидејќи извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што во вршење на својата службена должност со намера за друг да прибават противправна имотна корист, создале противправна обврска и го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да изврши незаконита исплата. Nezavisen
Ќе им се суди на поранешните директори на Клиниката за онкологија, медицинскиот Нино Васев и организацискиот Нахад Нухи - Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт за економското работење на Клиниката. Faktor
Со ваквите противзаконити дејствија обвинетите креирале противправни обврски на Фондот, кој бил доведен во заблуда дека условниот буџет кој го одобрува се однесува на законски креирани обврски, а не за намирување на противправно креирани обврски за лекови набавени на реверс, поради што Фондот на годишно ниво одобрувал условен буџет на Клиниката, од кој потоа биле исплаќани лековите набавени на овој начин, стои во обвинителниот акт.
Воедно, обвинетиот медицински директор помогнат од организацискиот директор извршил и кривично дело – проневера во службата, бидејќи преку постапките за набавка на лекови набавил количина на лекови која имал намера да ја присвои, па откако со свој потпис ќе го препишел и одобрел лекот, дел од лековите фиктивно ги раздолжувал, односно не ги аплицирал на пациентите во чие име овие лекови биле требувани, па така постои разлика меѓу евидентирана требована количина за пациент и раздолжена количина за пациенти во износ од околу 2 милиони денари. Denesen
На тој начин прибавиле значителна корист за добавувачите на лекови во вкупен износ од над 430 милиони денари.
Обвинетите, во постапките за јавни набавки на лекови – биолошка активна терапија, молекуларна таргет терапија и моноклонални антитела набавувале лекови на реверс без да постои валиден правен основ за тоа, по што за покривање на реверсите спроведувале постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни бидејќи добавувачите на лекови во рамки на добиените јавни набавки ги фактурирале претходно дадените лекови на реверс, па без комплетна, веродостојна и вистинита документација обвинетите овозможувале верификација на реверсите преку јавните набавки. Denesen
Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Nezavisen
Судењето за овој предмет беше насрочено за 11 јули, но се одложи за 5 септември поради отсуство на обвинетата Мери Пешевска.
На обвинителна клупа тогаш седнаа само првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека, за Пешевска нејзиниот бранител до Судот достави медицинска документација од 10 јули и барање за одлагање на денешното рочиште. Denesen
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Дополнително, медицинскиот директор, користејќи ја неусогласеноста на состојбата на залихите искажана во сметководствената и материјалната евиденција и неусогласеноста помеѓу месечните податоци за издадени лекови од аптека и примени лекови во организационите единици на Клиниката, за кои бил директно одговорен организацискиот директор, присвоил дел од лековите кои клиниката требало да ги има на залиха.
Станува збор за вијали и таблети од вкупно девет лека – Херцептин, Авастин, Ербитукс, Фулвестрант, Тразимера, Кадцајла, Оксалиплатин од 50 и 100 милиграми и Зелбораф со кои за себе прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари, појаснуваат од Обвинителството. Denesen
Ова е констатирано кај 9 пациенти за кои фиктивно се раздолжувани пет различни лекови.
Дополнително, медицинскиот директор, користејќи ја неусогласеноста на состојбата на залихите искажана во сметководствената и материјалната евиденција и неусогласеноста помеѓу месечните податоци за издадени лекови од аптека и примени лекови во организационите единици на Клиниката, за кои бил директно одговорен организацискиот директор, присвоил дел од лековите кои клиниката требало да ги има на залиха. Denesen
Владата нема да дозволи по никоја цена да бидат погазени идентитетските обележја на нашиот народ, вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски в о интервју за ТВ Телма.
Во рамки на посетата на Лондон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на бизнис форум на кој пред повеќе од 50 британски компании ги презентираше можностите за инвестиции и инвестициската клима во земјава.
Маж од селото Волино, општина Дебарца вчера се удавил во водите на Охридското Езеро во близина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Во водите на Охридското Езеро, на струшкото крајбрежје, вчера попладне било пронајдено безживотно тело на маж, информира Министерството за внатрешни работи.
Голем пожар зафати земјоделско земјиште кај селото Ложани, во општина Струга, при што биле зафатени околу 20.000 метри квадратни посеви со пченица, јачмен и со други земјоделски култури, информираше денеска СВР Охрид.
На 19.07.2025 година во 13,13 часот, во ОВР Струга е пријавен пожар на земјоделско земјиште засасдено со пченица, јачмен и други посеви, во површина од 20000 метри квадратни, лоцирано во атарот на струшкото село Ложани, сопственост на повеќе жители на селото.
Успешно заврши акцијата на Дирекцијата за заштита за спасување и на Министерството за внатрешни работи за извлекување на планинар со скршеница на ногата од непристапен терен на планината Пелистер.
Активни се пет пожари на отворен простор заклучно со осум часот изутрина од вкупно 29 во изминатото деноноќие.
На ден 19.07.2025 година до 19:30 часот, има вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола и 18 се изгаснати, соопштува Дирекцијата за заштита и спасување.