Активни се следните пожари: 1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација) 2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева) 3. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) 4. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација) 5. Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева) 6. Општина Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева) 7. Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада) Под контрола се два пожари: 1. Општина Желино – с. Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација) 2. Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума) Од ЦУК посочуваат дека се изгаснати пожарите во: Студеничани, Крушево, Македонски Брод, Куманово, Липково и Ранковце. Faktor