18-годишник со потекло од Македонија е уапсен во австрискиот регион Штаерска, во градот Леобен, поради планирање на терористички напад, . Според првичните информации, тинејџерот пребарувал на интернет како се прават експлозивни направи и правел планови како да нападне институции.
Полицијата соопшти дека уапсеното лице е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава (ИД) и оти неговите планови биле сериозни.