На денешната собраниска седница за ребалансот на Буџетот за 2025 година, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, изнесе критика на владиниот пристап кон економското управување и социјалната реалност во државата.
Амар Мециновиќ – пратеникот од Левица со свој коментар за кампањата на Владата и премиерот Христијан Мицкоски – „Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените!“. Мециновиќ вели „пример, замисли да си ДПМНЕ, и да не си само година дена на власт, туку цели четири, од кои три во кохабитација со СДС во многу љубов и разбирање“.