Ова не е политика – ова е работа за иднинат“, порача Муцунски.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потсети дека во рамки на минатонеделната посета на Лондон, министерот Муцунски и неговиот британски колега, државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт, Дејвид Лами ја потпишаа Декларацијата за стратешко партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Sitel
Со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се отвораат нови можности за реални проекти кои директно ќе влијаат врз секојдневието на граѓаните: брза железница, нови болници, подобри патишта и технолошка инфраструктура, порача меѓудругото министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој во видео објавено на неговите социјални мрежи зборува за конкретните придобивки од Договорот. Plusinfo