Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има преплет на цревата и е задржан на болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Plusinfo
Здравствената состојба на претседателот на Собранието Африм Гаши е стабилна, а во моментов се вршат детални лекарски прегледи, информира собраниската прес-служба откако синоќа тој бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија поради преплет на цревата.
„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Plusinfo
Како што пренесуваат дел од медиумите во Македонија, повикувајќи се на болнички извори, Гаши бил примен со болки, но без крварење и други посериозни симптоми.
Kабинетот на собранискиот спикер засега се нема огласено и нема информација дали претседателот Гаши е задржан на клиниката или по интервенцијата е пуштен на домашно лекување. Faktor