Обвинетата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, со записник го вратила безбедносниот сертификат „Државна тајна“ и веќе не смее да го користи, потврдија од Антикорупциската комисија за ТВ Телма.
Ќе ја разреши ли Собранието претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска – Ова прашање се отвори откако за неа, обвинителството поднесе обвинителен акт за кривичните дела Оддавање службена тајна и Компјутерски фалсификат.
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, до претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата поднесе Иницијатива за отпочнување постапка за утврдување на исполнетост на услови за претседател на ДКСК, Татјана Димитровска.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.