Само неколку денови откако обвинителството поднесе обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, очекувањата се дека таа денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција, извори блиски до ДКСК.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска поднесе оставка до Собранието, потврди нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ за Скопје1.
Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до претседателот на Собранието поднесе оставка од нејзината функција.
Денешната оставка на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, не претставува чин на морална одговорност, туку е директна последица од засилениот јавен, медиумски и политички притисок, особено откако Левица поднесе иницијатива за нејзино разрешување во Собранието, реагира Левица.