Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
10
14.69
20.26
1.67/0.60
10.00
3.88
0.39
887.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 10
18 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 452.9
Best clustering variants
18 0.99/0.01 2 452.9
13:19 h 25-Jul-2025
  • Не сум сигурен дали, и колку, екс-пратеничката Поповска како дипломиран технолог е компетентна за толкување на меѓународни договори, нивните придружни акти и нивната усогласеност со Уставот и законите во државава.
  • ◉ Луѓе без идентитет
13:52 h 24-Jul-2025
  • Поранешната пратеничка и поранешна претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска поднела Иницијатива до Уставен суд за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17 јули 2022 година во Софија.
  • УСТАВЕН ТРЕБА ДА ПРЕСЕЧЕ: Дали протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија е уставен?
12:28 h
  • Како што најавив пред извесно време во истиов медиум, ја поднесов до Уставен суд Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17.07.2022 година во Софија (во натамошниот текст: Протоколот). Протоколот е правен акт потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.
  • Протоколот со Бугарија сега е во рацете на Уставeн суд – барам да го прогласи за ништовен!
Kanal5

Како прво, посочува дека не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување, второ не е ратификуван во македонското Собрание, трето, не е објавен во „Службен весник“, четврто, несоодветна е формата и содржината, петто, излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден (1) член од Договор помеѓу две земји, шесто, произведува масивни штетни дејствија врз идентитетски прашања за македонскиот народ, јазик и држава и како седма причина наведува дека претставува непремостлива пречка за нормално функционирање и стратешко меѓународно позиционирање на македонската држава, со тоа што е имплицитно вграден во преговарачката рамка за евроинтеграција и експлицитно во два други документа од евроинтеграцискиот пакет.

Важно е да се утврди официјално ништавноста на документот, а потоа да се отвори транспарентен и правно издржан процес за нов, правно валиден протокол за спроведување на Договорот за пријателство, кој ќе води сметка за достоинството и интересите на двете страни. Kanal5

Plusinfo

Но, сигурен сум дека е барем еднакво компетентна или далеку покомпетентна од еден дигестивен хирург кој онака, во слободно време, ја глумеше улогата на министер за надворешни работи и кој потпишуваше такви договори.

И бидејќи, верувам, Поповска имала покомпетентни советници од оние на хирургот од калибарот на Заев, Шеќеринска, Маричиќ и др. Од друга страна, според образложението на Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17.07.2022 година односно барањето за негово поништување, очигледно е дека таа е раководена од добри намери, национални интереси и одбрана на Уставот. Plusinfo

  • Поранешната пратеничка и поранешна претседателка на Демократската обнова за Македонија (ДОМ), Лилјана Поповска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17 јули 2022 година во Софија.