На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој истакна дека младите луѓе во Македонија добија партнер во државата, а воедно и дека од септември секој студент, кој е запишан на додипломски студии, ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред.
„Констатирам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање и младите во Република Македонија, зборот е збор и затоа денес се гордеам што сум овластен предлагач на Законот за вредносните ваучери, со кој секој студент запишан на додипломски студии на возраст до 29 години од септември ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за да набави електронско помагало во форма на лаптоп, таблет или персонален компјутер“, вели Попов. Iportal