Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Тетово присуствуваше на македонската вечер во рамките на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“.
Во центарот на Тетово свој настап имаа културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од тетовско Теарце, рок групата The Nameless Trio, поп музичарот Влатко Лозаноски – Лозано, со својот бенд, како и тетовскиот рапер Никола Трпески S.A.M. Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, го поздрави четвртото издание на оваа културно-уметничка и спортска манифестација и укажа дека таа ја уважува мултикултурноста и цели кон културен и спортски натпревар.