Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја во одредени временски периоди ќе бидат неколку улици во општините Гази Баба и Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по ЕВН Македонија АД. Во периодот од 06:30 до 12:00 часот, струја нема да имаат дел од ул. Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на ул. Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на ул, Маџари во општина Гази Баба, а во периодот од 08:00 до 11:00 часот, дел од од Н.Припор, по главната улица Христо Татарчев во општина Кисела Вода.
Од скопски Водовод известуваат дека утре (петок) поради промена на шибер ф 100 мм на ул. Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Карл Либкнехт, ул. Анри Барбис, ул. Темко Попов и дел од ул. Карл Хрон.