Во симулацијата активно беа вклучени и: • Капетанијата на пристаништата, • Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, • Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид, • Дирекцијата за заштита и спасување, • Црвениот крст на Охрид, • Итната медицинска помош Охрид.
Оваа симулациска вежба е уште еден значаен чекор во зајакнувањето на интеринституционалната соработка и зголемување на подготвеноста за справување со кризни ситуации во заедницата. Netpress
Активноста ќе се одвива во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јане, а според планираните мерки, ќе се спроведе заедничка вежбовна активност во која ќе учествуваат полициски службеници од СВР - Охрид, Граничната полиција регионален центар „Запад“, САЕ „Тигар“, ЕСЗ, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, „Црвен крст“ и Територијалната протипожарна еднница од Охрид.
На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ во Охрид за посетителите ќе бидат изложени дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи. Kanal5
На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“, велат од ЦУК. Mk