Посочува дека синоќа се организираат доброволци од Општина Берово, како и општествено одговорни компании денеска наутро да заминат на планината Готен, со цел да не се дозволи ширење на пожарот кон селата Владимирово, Мачево и Русиново.
Во апелот на Општина Берово, кој е објавен синоќа се вели поради сериозноста на пожарот кој го зафати подрачјето на општината, согласно заклучоците од вечерешниот состанок на Кризниот штаб, се упатува апел до сите граѓани на Општина Берово, кои се во можност, доброволно да се вклучат во акцијата за гаснење на пожарот. Nezavisen
Вашата солидарност, ангажираност и храброст, во овие тешки моменти, се од непроценливо значење, за заштита на шумите, животната средина и безбедноста на сите нас, се вели во соопштението од Кризниот штаб на Општина Берово.
Инаку пожарот на планината Готен е активен веќе девети ден и се простира на територија на општините Василево, Радовиш и Берово. Nezavisen
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски синоќа по одржаниот кризен штаб го повикува месното население и општествено одговорните компании да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен. Nezavisen