Сè зависи од влијанието на околните напрегања и големината на раседната површина.
Меѓутоа, врз основа на набљудуваната сеизмичност на одреден регион или подрачје, и токму за тоа се потребни сеизмолошките станици, се одредуваат периодите на повторување на земјотресите со одредена магнитуда односно очекуваната сеизмичност на тој регион или подрачје, со што успеваме да се доближиме до реално очекуваните земјотресни настани. Faktor
Многу помалку студенти се запишуваат на Институтот за физика, на насоката геофизика и метеорологија, во однос на другите институти на Природно-математичкиот факултет и покрај тоа што се стипендираат како дефицитарни студии.
Но, причината за опаѓањето на бројот на вработени низ годините е и немањето согласности/финансии за вработувања на младите кои завршуваат на оваа или на некоја од сродните насоки, како физика и географија. Civilmedia