Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека преговорите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина ќе започнат веднаш, по телефонски разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин.
„Тукушто го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по двочасовниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин објави дека „Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот и, што е поважно, КРАЈ на војната“, објави Си-ен-ен. „Условите за тоа ќе бидат договорени меѓу двете страни, како што може да биде само затоа што тие ги знаат деталите од преговорите за кои никој друг не би бил свесен“, рече Трамп на Truth Social, додавајќи дека „тонот и духот на разговорот беа одлични“.