Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, ја одложи одлуката за бомбардирање на Иран и им даде на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и на режимот во Техеран, дополнителни две недели за преговори за прекин на конфликтот со Израел.
Од: А1он Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе одлучи дали да го нападне Иран во следните две недели поради „значителни“ шанси за преговори.
Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за „неколку недели“, соопшти Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.