Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, изјави дека Украина постапила правилно кога го предала своето нуклеарно оружје на Русија во 90-тите, истакнувајќи дека без тој потег нејзиниот суверенитет би бил доведен во прашање.
„Во случај на политичка одлука, Германија би можела да развие нуклеарно оружје за неколку месеци“, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Зборувајќи за глобалните нуклеарни прашања во интервју за неколку европски медиуми, Гроси исто така изјави дека Украина донела правилна одлука кога, по распадот на Советскиот Сојуз на почетокот на 90-тите, го предала своето нуклеарно оружје на Русија, бидејќи, како што рече, во спротивно меѓународната заедница би можела да одбие да го признае нејзиниот суверенитет, објави полската Republika.