Крајот на војната во Појасот Газа е близу, изјави денес израелскиот министер за одбрана Израел Кац, додека се известува дека дневниот број на жртви на палестинската територија е најмалку 100.
Во израелски напад врз плажата во градот Газа загинаа десетици луѓе, а бројот на жртви денеска во Појасот Газа се искачи на 71. Според вработените во болницата Шифа, најмалку 21 човек загинале при израелскиот напад врз плажата, а помеѓу жртвите се и неколку малолетници и жени, како и еден новинар.
Израелската војска им нареди на Палестинците да ги евакуираат областите во северна Газа пред интензивирањето на борбите против Хамас, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на прекин на борбите во услови на обновени напори за посредување во прекин на огнот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека 12-дневната војна со Иран создала можност за Израел, првенствено да ги врати заложниците заробени од палестинските милитанти во Газа по нападот на 7 октомври 2023 година.