Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази надеж дека во наредните неколку дена може да се постигне договор со палестинското движење Хамас за ослободување на најголемиот дел од израелските заложници.
Израел заклучил дека дел од подземните резерви на збогатен ураниум во Иран преживеале американски и израелски напади минатиот месец и дека би можеле повторно да бидат достапни за иранските нуклеарни инженери, според изјава на висок израелски функционер.
Како што пишува „Скај њуз“, портпаролот на Високиот комесар на ОН за човекови права изјави дека 615 од убиствата – помеѓу 27 мај и 7 јули – се случиле „во близина“ на локации управувани од контроверзниот Хуманитарен фонд за Газа (ГХФ) поддржан од САД и Израел.
Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл денеска го осуди израелскиот предлог за преселување на Палестинците во „хуманитарен град“ во урнатините на Рафа, велејќи дека тоа претставува „декларација за намера да се извршат воени злосторства и злосторства против човештвото“.