Унгарската полиција денес објави дека ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, која беше планирана за 28 јуни, пренесува Си-Ен-Ен. Во полициското соопштение се нагласува дека „не може да се исклучи, а можеби и неизбежно, лице под 18 години да може да учествува во активности забранети со закон“, додавајќи дека маршот може да доведе до „пасивни жртви“ – луѓе кои не сакале да бидат дел од собирот, но ќе бидат принудени да бидат набљудувачи поради јавната природа на настанот.Сепак, градоначалникот на Будимпешта им пркоси на полициските најави.„Градското собрание на Будимпешта ќе го организира маршот на Прајдот во Будимпешта како локален настан на 28 јуни, точка“, вети градоначалникот.Претходно, градот Будимпешта објави дека дефинитивно ќе ја организира традиционалната Парада на гордоста како официјален градски настан за прослава на слободата, што беше обид да се заобиколи законот што ѝ дозволува на полицијата да забрани вакви настани.
НЕМА ДА ИМА ПАРАДА НА ГОРДОСТА ВО БУДИМПЕШТА Орбан тешко се пишмани Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште во февруари им порача на организаторите на Парадата на гордоста да не мачат да организираат парада во Будимпешта годинава.