Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, на којашто претседателката искажа загриженост за актуелната безбедносна состојба во светот и ја истакна потребата од праведен и постојан мир.
Жалам што актуелната бугарска влада, а и бугарските европратеници, со своето дејствување, она што го гледаме во Брисел, влегуваат во рускиот наратив за дестабилизација на регионот.
Денеска и утре во Хаг, Холандија, се одржува Самит на НАТО.
Од Хаг, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го коментираше однесувањето на официјална Софија во контекст на евроинтеграциите на државата и нагласи дека дијалогот останува единствениот пат кон стабилизација на Западен Балкан.